ОВАЦИИ ЗА ТРАМП: Поранешниот претседател – главна ѕвезда на борбата меѓу Мекгрегор и Поарие (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Долгоочекуваната борба на УФЦ 264 во Лас Вегас, во која Конор Мекгрегор беше повреден, а Дастин Поарие ја однесе победата, беше во знакот на Доналд Трамп.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп дошол на борбата меѓу Ирецот Конор Мекгрегор и американецот Дастин Поарие.

Трамп бил пречекан со аплауз од публиката.

Да потсетиме, Конор Мекгрегор ја повреди ногата на самиот крај од првата рунда, поради што не беше во можност да продолжи, по што победата му припадна на Поарие.

 

Слични содржини