141
МВР информира дека синоќа починало повозрасно лице кое било ангажирано како овчар.
Во СВР Велес од Итна медицинска помош синоќа во 20:45 часот било пријавено дека во велешката населба Превалец починал 65-годишниот Д.М. од Прилеп, кој бил ангажиран како овчар.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Велес и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.