Пацифичката држава Палау има големи природни богатства, но не сака да биде посетена од кој било.

Претседателот на оваа мала островска земја, Томи Ременгесо планира да воведе закон со кој би овозможил да се градат само хотели со 5 ѕвезди, што би значело дека во таа туристичка дестинација ќе можат да си ја приуштат само најбогатите.
Според него, масовниот туризам е штетен за природата во земјата, која ја сочинуваат околу 250 острови, и вели дека повеќе сака квалитет отколку квантитет.
Во последните години драстично е зголемен бројот на туристи во Палау, а Ременгесо вели дека тие трошат многу повеќе пари откако земјата ги ограничила меѓународните летови.