Овен: Жалам за трансферот во Њукасл, требаше да одам во Ливерпул

од Vlatko K
149 прегледи

Освојувачот на „Златната топка“ за 2001 година, Мајкл Овен, во својата биографија призна дека
жали за трансферот во 2005 година од Реал Мадрид во Њукасл.


Според последните информации, тој тогаш сакал да се врати во Ливерпул – местото од кое започна
за големиот фудбал.

„Морав да ги следам моите инстинкти и срцето“, признава Овен.

„Не сакав да одам во Њукасл затоа што срцето ми рече да одам во Ливерпул. Во однос на мојата
перспектива за кариера, беше повеќе од очигледно дека преземав голем чекор назад. Жал ми е за
навивачите, но тоа е навистина она што го мислам. Жалам за мојот трансфер во Њукасл “, додаде
тој.