Храната ни обезбедува енергија, хранливи материи, го зајакнува имунитетот и ни помага да се одбраниме од болести. Но, тоа не важи за сите намирници, некои од нив го прават токму спротивното – предизвикуваат здравствени проблеми, воспаленија во организмот и многу лошо влијаат на органите за варење.
Еве за кои намирници станува збор:
Рафинирани јаглехидрати
Простите јаглехидрати во рафинирани житарки и високо обработена храна, како што се грицки, бел леб, сок, може да доведат до надуеност, гасови и грчеви.
Покрај тоа, тие можат да доведат до воспаление во цревата, бидејќи бактериите обожаваат слатка храна.
Храна богата со натриум
Купечки супи, шунка и други сувомеснати производи обично содржат многу натриум.
„Храната богата со сол ја оштетува внатрешната слузокожа на цревата, што го зголемува ризикот од чиреви, па дури и рак“, вели научникот Вилијам Ли.
Нискомастен јогурт
Експертите предупредуваат дека нискомастените варијанти на разни млечни производи содржат многу шеќер, што доведува до надуеност, запек и нервозни црева.
Покрај тоа, диетата богата со шеќер сериозно го нарушува балансот на добрите бактерии во цревата, што го ослабува имунитетот.
Лута храна
Може да има добар ефект врз здравјето на некои луѓе, но ако се јаде во прекумерни количини и на дневна основа, може да предизвика болна дијареја.
Храната што содржи капсаицин, состојка што е одговорна за чувството на љутина, може да ја иритира внатрешната слузокожа на желудникот, да предизвика гадење, повраќање, болка во стомакот.
Вештачки засладувачи
Вештачки засладувачи кои се наоѓаат во многу диетални пијалоци и „здрави“ слатки може да доведат до нерамнотежа на бактериите во цревата.
Истражувањето од 2018 година покажа дека дигестивниот систем станува токсичен по изложување на само еден милиграм на милилитар вештачки засладувачи.