Ако раскинувањата се делат на добри и лоши, тогаш овие знаци на зодијакот спаѓаат во вторите. Некои луѓе целосно го бришат партнерот од својот живот, а други прекинуваат со бучни караници, насилни емоции и многу горчина. Постојат поединци кои со зрел разговор и мирно раскинуваат и успеваат да ги задржат пријателските односи со бившиот партнер. Во принцип раскинувањата се болни и секој од нас различно ги преживува, но сепак можат да се поделат на добри и лоши.
Овен и Бик
Од почеток се лоша комбинација и поради тоа раскинувањето е неизбежно. Овенот обично ја завршува врската бидејќи му станува досадно и сака промена, но кај Бикот нештата се малку поинакви. Нему му треба време да ја пушти саканата личност и нема да ја остави без голема мака. Со оглед дека Биковите се тврдоглави, а Овните не отстапуваат од својот став дури ни кога ќе влезат во расправија, оваа астро двојка не е во состојба да најде заеднички јазик.
Овните се познати по лошиот темперамент и изливи на бес. Тие уживаат во драмата и енергијата произведени во жестока расправија со Бикот. Големи се шансите по некое време Овенот да посака да се смири со својот партнер Бик, но ако чека предлого, тој нема да сака да се врати.
Лав и Шкорпија
Раскинувањето меѓу овие два знаци лесно може да се претвори во борба на две ега. Двајцата се многу страстни, така што крајот на односот ќе биде многу интензивен и болен. Припадниците на двата знака сакаат да контролираат и се многу егоцентрични. Шкорпијата може да се обиде да ги сузбие емоциите, но порано или подоцна тие емоции ќе експлодираат и ќе го уништат Лавот.
Кога е ранета Шкорпијата напаѓа на разни начини дури со навреди и одмазда. Иако Лавовите се моќни, тие имат чувствителна страна и веруваат дека раскинувањето е сосема природно.
Близнак и Стрелец
Раздорот меѓу овие два знака не би бил целосен без вербална војна. И двајцата имаат проблем со врзување и сакаат да бидат слободни. Близнакот и Стрелецот имаат многу заедничко, бидејќи сакаат да разговараат, пробуваат нови работи, нови пријателства и сакаат да ги изразат своите идеи. Но кога нештата ќе тргнат наопаку, сакаат да побегнат што побрзо.
Близнаците и Стрелците обично бираат да го игнорираат проблемот, и најлесно им е да раскинат преку мејл, смс порака или телефон. Со оглед дека комуникацијата се одвива преку телефонски апарат, тие слободно ќе кажат сè што ќе им падне на памет, дури и многу навредливи работи. И двата хороскопски знаци “сечат“ со зборови, така што нивното раскинување е болно и грубо.
Вага и Јарец
Јарците се многу посветени на врската и тешко им е да прекинат, додека Вагата веднаш ќе сврти нов лист. Тоа создава проблематична динамика меѓу двата знака. Јарецот не може да сфати како Вагата така лесно може да ги заборави сите убави нешта од нивната врска. Вагата не сака судир, но ако нема избор напаѓа со сета сила.
Јарецот само сака да ги среди недоразбирањата кои се случиле во односот и спремни се да средат сè што можат за да ја спасат врската. Кога Јарецот ќе забележи дека Вагата се откажува ќе се обиде на сите начини да ја одржи врската и да ја задржи покрај себе. Тоа Вагата не може да го поднесе и ќе бара секаков начин да се ослободи од неговите “канџи“.