Овие хороскопски знаци немаат ВИСТИНСКИ ПРИЈАТЕЛИ

од Stefanija Kuzmanovska

Претставниците на некои хороскопски знаци претпочитаат самотија, а има и такви кои едноставно не веруваат никому.

Рак

Припадниците на овој знак имаат остар ум, се фокусираат на мали нешта и често се разочаруваат од луѓето кои не ги слушаат. Раковите генерално се премногу пребирливи и критични кога е во прашање изборот на пријатели, па често се сами или опкружени со луѓе кои ги сметаат повеќе за познаници отколку за вистински пријатели.

Близнаци

Близнаците се енергични и страсни луѓе кои се многу пребирливи кога се во прашање пријателствата. Не им веруваат лесно на луѓето и не им се отвораат, па дружењето се сведува на површни разговори и забава. Припадниците на овој знак во текот на животот знаат дека имаат многу познаници, но не и блиски пријатели.

Вага

Припадниците на овој знак не се грижат за друштвените норми. Вагите имаат свој уникатен, неконвенционален начин на живот во кој другите луѓе обично не се вклопуваат. Покрај тоа, Вагите често знаат да бидат нерасположени насамо и непријатно друштво кога ќе бидат фатени во „жолта минута“. Тие повеќе го ценат друштвото на своето семејство отколку на блиските пријатели.

Слични содржини