Овие хороскопски знаци ги чека размрдување на љубовен план до Нова година

383 прегледи

Забавувањето во време на празниците, кое се смета за едно од најубавите периоди во годината, може да биде многу комплицирано, особено кога станува збор за складување на времето кое го поминувате со партнерот и времето кое треба да го одвоите за пријателите и семејството.

Оваа година, токму поради тоа би можеле да бидат погубни за врските на следниве хороскопски знаци:

Вага

Вагите се познати по тоа што сакаат да бидат во групи на луѓе, особено за време на празниците. Иако уживаат да бидат во врска, во овој период од годината многумина посакуваат да поминат повеќе време со пријателите и семејството. Доколку и нивниот партнер сака забава и дружења, добро ќе си поминат, но доколку повеќе сака дружење во пар, може да настане сериозен проблем.

Стрелец

Иако се страсни и иновативни партнери, жешките стрелци не можат лесно да се посветат на една страна или да се држат до планот. Иако можат да бидат воодушевени со патување во последен момент или целовечерно танцување, за време на празниците најверојатно нема да бидат толку расположени за запознавање на вашата фамилија или одење на забава со вашите пријатели. Дури, би можело да и одговара да бидете одвоени за време на пазниците. Спек, доколку видат дека партнерот не очекува премногу од нив, може да се случи да излезат во пресрет и да ја запознаат фамилијата и пријателите на својата втора половина.

Рак

Мајката на зодијакот, водениот знак рак, многу ја сака својата фамилија, и се грижи за неа. Раковите ги ставаат саканите луѓе пред се. Сепак, празниците можат да бидат стресен период за нив, особено доколку нивниот партнер не е толку проврзан за луѓето кои им значат. Тоа е причина поради која ракот може да се одлучи за прекин на врската, по многу солзи и бескрајни разговори, бидејќи тој не сака да ги дели луѓето.

Слични содржини