Овие познати личности немале сексуални односи до првата брачна ноќ

од Stefanija Kuzmanovska

Некои познати личности биле поддржувачи на познатата парола „ништо пред брак“. Иако денес не е вообичаено некој да се придржува до ова мото, некои познати дами сепак го испочитувале и ја изгубиле невиноста дури на првата брачна ноќ. Еве за кои дами станува збор:

Адријана Лима

Таа своевремено изјавила дека момчето кое е во врска со неа мора да ја почитува нејзината одлука.

„Сексот е за брак. Ако немаат почит, тоа значи дека всушност не ме сакаат“, изјавила манекенката во едно интервју во 2006 година.

Лима во тој период беше во врска со кошаркарот Марко Јариќ, со кого подоцна се омажи и доби две ќерки. Таа денеска има ново момче, а неодамна роди и син.

Лиса Кудроу

Познатата актерка Лиса Кудроу откри дека сакала да се „чува“ за мажот од нејзините соништа.

„Не знам дали би можеле да ме опишете како воздржана, но јас сфатив што значи човек да се плаши од секс и од сопствената сексуалност. Се чував себеси затоа што сакав да го заслужам човекот за кој сонував“, изјавила актерката која се омажила за Мајкл Стерн кога имала 31 година.

Сиара Вилсон

„Кога се фокусирате на пријателството, навистина мислам дека имате можност да изградите силна основа за квалитетна врска“, открила американската пејачка Сиара.

По неколку месеци врска, Сиара и Расел си ветиле дека нема да имаат секс пред брак. Тие се венчаа во 2016 година, а следната година станаа родители на малото девојче Сиена.

Слични содржини