Многумина се прашуваат што би ја одржало нивната врска, но мал број се оние кои знаат кои постапки може да внесат немир во односот. Овие прашања мажите воопшто не ги сакаат.

„Да мора да бираш меѓу пиво со другарите и вечера со мене, што би избрал?“, „Како би реагирал кога би те изневерила?“, „Мислиш ли дека би се сретнале ако се родевме во различни земји?“ – се само дел од прашањата кои мажите не сакаат да ги слушнат, а жените пак обожаваат да ги постават.
Припадничките на понежниот пол на овој начин сакаат да се уверат во љубовта на партнерот, а мажите во тие ситуации кога на сцена настапуваат хипотетички прашања се како во небрано.
Свесни дека се на тест, ќе се трудат да дадат најдобар можен одговор, што може и да потрае. И додека тој размислува се нервира како може да е толку тешко да се одговори.
Ако не сакате да го доведете до непријатна ситуација, не поставувајте му ги овие прашања, советуваат стручњаците.
Кога тоа сепак ќе го направите не го осудувајте поради одговорот, дури и кога не ви се допаѓа.
Така тој ќе стекне сигурност, па следниот пат ќе биде поотворен и поподготвен за ваков разговор.