Сода бикарбона важи за едно од најмалку штетните и најеколошките средства за чистење, што наоѓа широка примена во домаќинството.
Многу често ќе видите препораки за користење на содата во комбинација со алкохолен оцет или со парче лимон, но имајте на ум дека се создава бурна хемиска реакција. Ваквиот начин на чистење е одличен за бигор и масни дамки, но некогаш е подобро да се држите до комерцијалните детергенти и наменски средства за чистење.
Сепак, следниве предмети не ги чистете со сода бикарбона:
Алуминиумски садови за готвење
Многу метални површини може да бидат ефикасно исчистени со сода бикарбона, но не и алуминиумските. Содата делува премногу абразивно врз алуминиумот и може да предизвика оксидација и потемнување на површината.
Старо сребро
Содата го чисти потемнетото чисто сребро. Но, доколку за некое сребрено парче не сте сигурни дека е чисто, немојте да го триете со сода. Особено немојте да ја користите за предмети кои се украсени со други метали и скапоцени камења. За професионално чистење на накит, носете го кај вашиот златар.
Садови со златна гравура
Речиси во секој дом постојат сервиси со садови за јадење кои имаат златни детали исцртани на нив. За овие садови грижете се само со обично средство за миење садови, со топла вода и со мазната страна на сунѓерчето за миење.
Мермерни површини
Мермерот е многу практичен, особено за површини во кујната. Иако содата нема многу да му наштети, по подолго користење може да се случи да се изгребе и да не изгледа убаво.