Овие производи на ИКЕА заминуваат во историјата

од desk2
120 прегледи

 

Шведскиот гигант ИКЕ најави дека до 2020 година ќе престане да продава пластични производи за една употреба, пренесоа британските медиуми.

Продажбата ќе престане во сите продавници на ИКЕА ширум светот, а шведската компанија ќе се посвети на производи кои ќе можат да се препородаваат, да се преправат или да се рециклираат.

Потегот на шведската компанија се надоврзува на најавата на Европската унија дека ќе забрани пластични производи како цевчиња, хигиенски марамчиња и стапчиња за мешање пијалок, како и стапчиња за држење балони.

Најавата за сопирање со продажба на пласитчни производи за еднократна употреба е составен дел на плановите на ИКЕА во иднина во производството да користи само обновливи материјали како и оние кои можат да се рециклираат. Исто така сакаат до 2025 година потполно да ја елиминираат емисијата на штетни гасови.