Дури и самиот збор „салата“ асоциrа на здравје, па поради тоа често во нејзе додаваме различни состојки без да обрнеме внимание на порциите, калориите и нутриентите. Идеалната салата треба да биде урамнотежена и да содржи околу 4-5 додатоци кои пружат различни вкусови и нутриенти. Но, не мора да бидете нутриционист за да подготвите совршена комбинација – за почеток избегнувајте ги овие додатоци:
Пржени и поховани додатоци
За жал, крцкавиот и пржен кромид или тротиља чипс практично ќе ја претворат вашата салата во нездрава храна. Пржените продукти можат на вашата салата да ѝ дадат крцкав вкус, но со него ќе добиете и значителна количина калории и преработени јаглехидрати.
Сланина
Не само што сланината е богата со маснотии (само две резанки содржат околу 7 грама маснотии и отприлика 100 калории), преработеното месо сè почесто се поврзува со рак на дебелото црево. Ако сакате да подготвите салата со богат вкус, сланината заменете ја со пилешко.
Кашкавал
Тој во главно се состои од маснотии и содржи многу повеќе калории отколку што луѓето веруваат. Но ако не можете без него, секако внимавајте на количината која ќе ја додадете во својата салата. Не треба да е повеќе од една тенка резанка.
Суво овошје
Сувото овошје може да го најдете во купечките салати најверојатно засладено со дополнителен шеќер, а голема е шансата во вашата салата да го има премногу. Исто така овошјето во тек на дехидрација губи од својот волумен и дел од водата, поради што ќе добиете помала количина отколку во салата да сте додале некое друго свежо овошје.
Кремасти преливи за салати
Густите, кремасти преливи за салати најчесто содржат сериозна количина калории, шеќер, вештачки додатоци, заситени масти и натриум. Ако вашата салата содржи многу повеќе состојки богати со калории (на пример кашкавал и јаткасти плодови) секако прескокнете ги преливите и додајте малку лимонов сок. Витаминот Ц ќе му помогне на вашето тело во апсорпцијата на железото од зеленчукот, а ако вкусот на лимон не се вклопува во вашата салата можете да ѝ додадете малку маслиново масло кое е одличен извор на витамин Е и здрави масти.