Некои луѓе по природа се многу опуштени и си создаваат притисок ни на себе ниту на другите околу, додека други се премногу критички па секогаш си поставуваат преголеми очекувања.
Припрадниците на овие хороскопски знаци се многу строги кон себе и мааните тешко си ги простуваат. Секогаш се споредуваат со другите и од себе го извлекуваат најлошото. Доколку вашиот хороскопски знак е меѓу нив, не се осудувајте и поради тоа, едноставно обидете се да се опкружите со позитивни мисли и запомнете: никој не е совршен.
Рак
Раковите често губат многу време размислувајќи за тоа што не е во ред со нив. Склони се кон пореметувања во исхраната бидејќи постојано се грижат за својата тежина. Иако не веруваат во диети, цело време се трудат да смислат добар начин за да изгубат килограми. Не се грижат за мислењата од другите, но затоа, често сами ќе се осудуваат.
Риби
Рибите би било најсреќни се да им тече мазно цело време, а кога тоа не се случува, вината ја префрлаат на самите себе и се обвинуваат дека тие се виновни за се што тргнало по надолна линија. Кукањето и самосожалувањето не им се непознати, а доаѓаат и до потреба постојано да се осудуваат. Радо би простиле на некој друг, отколку на самите себе.
Девица
Девиците со себе влечат голем товар, без разлика на тоа што нашравила. Нема да се осудуваат бидејќи мислат дека се лоши личности, туку затоа што сметаат дека се прават погрешно. Строги се и кон останатите. Доколку заклучат дека згрешиле нешто, ќе се препуштат на самосожалувањето и во тишина ќе ги лечат раните.