Кој би рекол дека на овој начин може да откриете прељубник.
Едно истражување спроведено на 1.000 мажи и жени покажа интересни резултати. Имено, се истражувала јачината на гласот при сексот и како да сфатите дали партнерот ве изневерува.
Дури 62 отсто жени и 72 отсто мажи откриле дека биле погласни во „туѓи кревети“, односно кога ги изневерувале партнерите, пишува Индекс.
Исто така, 88 отсто од жените рекле дека се погласни од нивните партнери во текот на сексот, а 71 отсто мажи изјавиле дека уште повеќе ги возбудува ако партнерката е бучна.
Истражувањето покажува дека јачината на звукот при водење љубов може да влијае на квалитетот на обостраното задоволство и самодоверба на партнерот.
Изгледа оние кои сакаат љубовни авантури се и послободни во сексот и поподготвени за гласно водење љубов.