Да се остави нешто на случајноста им е непознато. Се треба да се испланира, да се стави на место, така функционираат. Тие се точни и пресметани. Тие пресметуваат сè, делат и го ситнат на мали делови за да го направат тоа без грешка.
Тоа е, се разбира, Девицата.
Кај нив нема пропусти. Тоа ги навредува, невозможно е да се случат. Нивниот мозок е сличен на оној на Близнаците, што не е чудно кога се знае дека со нив управува Меркур. За разлика од Близнаците кои се луди и забавни, Девиците не знаат да се забавуваат.
Едноставно не можат да опуштат. Ако не објаснат се, исто како да не кажале ништо. Тие се многу навредени ако некој ги прекине. Бидејќи се ужасно нервозни, одеднаш почнуваат да го креваат гласот, да врескаат за целосно да објаснат што започнале. Не дозволуваат да бидат прекинати.
Нивното трпение е многу кратко. Не ја толерираат човечката глупавост, немилосрдност, неточност, противење. Нервите им се премногу тенки, а реакциите многу бурни. Тие се големи злопамтила, ќе откопаат детали во разговор кој секој би го заборавил, но Девицата никогаш.