Овој параметар во крвта открива дали дексаметазонот може да ве спаси ако тешко заболете од корона

од Aleksandar Petrovski
574 прегледи

Едноставен тест на крвта може да открие кои пациенти со ковид болест можат да имаат најмногу корист од дексаметазон – единствениот лек за кој е докажано дека ги спаси животите на критично болните луѓе.

Истражувачите од Њујорк откриле дека пациентите со високо ниво на супстанца наречена Ц-реактивен протеин во крвта се најдобри кандидати за лекот.

Научниците веруваат дека Ц-реактивниот протеин е корисен „маркер“ во дијагнозата. Ако забележите дека некое лице има голема количина на оваа супстанца, тоа значи дека тој страда од воспаление – внатрешен оток предизвикан од имунолошкиот систем.

Експертите велат дека пациентите со високи нивоа на Ц-реактивни протеини имаат помала веројатност да умрат или да завршат на респиратор кога се лекуваат со овој прифатлив стероид, додека давањето дексаметазон на лица со здраво ниво на протеини може да биде опасно.

Воспалителен маркер може да помогне да се одлучи кој ковид пациент ќе има корист од дексаметазон, стероид што е корисен и постои со децении.

Во моментот, лекарите одлучуваат дали да го користат лекот, во зависност од тоа дали пациентот има потешкотии при дишењето.

Британската национална здравствена служба (NHS) го одобри дексаметазонот за употреба кај критично болните пациенти, откако резултатите од најголемата светска студија за лекови за „Ковид-19“ утврдија дека може да го намали ризикот од смрт.

Научниците од Универзитетот во Оксфорд тврдеа дека овој лек може да спаси до 35 отсто од пациентите кои се поврзани на респиратор, односно во најсериозна состојба и да го намалат ризикот од смрт за 5 отсто кај пациенти на кои им е потребен кислород.

Лекарите ширум светот тестирале голем број на лекови за време на пандемија со цел да спасат животи, а сега тие полека градат слика за лековите што делуваат најдобро, во зависност од општата состојба на пациентите.

Што е дексаметазон воопшто и како им помага на пациентите?

Дексаметазон спаѓа во група на лекови наречени кортикостероиди. Овие се природни хормони кои овозможуваат нормално функционирање на организмот. Стимулирање на работата на организмот, со додавање на дексаметазон, е ефикасен начин во третманот на разни болести кои се придружени со воспаление. Неговото дејство го намалува воспалението, што може да ја влоши болеста.

Се користи во намалување на воспалението, терапија на разни заболувања на имунолошкиот систем, вклучително и ревматски заболувања, воспалителни заболувања, воспаление на кожата, очите, крвните садови и другите делови на телото, склоност кон крварење поради недостаток на тромбоцити, бројни алергиски состојби, астма, итн.

Слични содржини