Овој возач го бара цел Париз: Уништил 13 автомобили, го оставил преполовеното ауди во пламен и избегал (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
141 прегледи

Скапоцениот „Ауди Р8 спајдер“ направи вистински дар-мар во Париз. Се претпоставува дека е изнајмен заедно со „Порше 911“ со цел да се овеколичи венчавка и свадба. Паднала ноќта, а потоа започнало дивеењето.

 

Неименуван возач изгубил контрола додека возел со очигледно неприлагодена брзина во западните предградија на Париз. Тој удрил во 13 автомобили, а притоа и самото „ауди“ било преполовено.

Во инцидентот нема повредени, но штетата е огромна. Покрај уништените автомобили, со пожар беше уништено и она што остана од преполовеното „ауди“. Додека пристигнала полицијата, на возачот му се губи трага. Се претпоставува дека возел човекот кој може да се види во една од снимките објавени на социјалните мрежи. Тој се појавува во едно видео без маица, а меѓу другото вели „го преполовивме, но добро сме“.

Очевидци тврдат дека слушнале бучава од моторот, а турирањето и дивеењето по улицата претходеле на несреќата. Тие исто така тврдат дека различни луѓе се сменувале зад воланот, па затоа ќе биде тешко да се утврди кој возел за време на несреќата.

Слични содржини