Оздравени над 260 здравствени работниците од коронавирусот во Македонија

од Берта Китинска
136 прегледи

Од 15.02.2020 до 20.06.2020 тестирани се вкупно 51.220 материјали (детектирани 5.105 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.Со ова во Р. С. Македонија се направени 24.754 тестови на 1.000.000 жители.

Според информациите на Институтот за јавно здрвје исходот од заболувањето, 2.940 лица (57,6%) се активни случаи, 1.927 случаи (37,7%) се водат како оздравени (261 од нив се здравствени работници и 21 се бремени жени), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување. Од случаите кои се водат како оздравени, 444 (23,0%) биле хоспитализирани додека останатите 1.483 (77,0%) биле на домашно лекување.

Вчера беа потврдени 90 нови случаи на ковид 19-со што вкупната бројка на дијагностицирани се икачи на 5196, оздравени беа 48  пациенти и починаа 9 лица.