Oзи Озборн му забрани на Трамп да користи негова музика

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Британскиот рок-пејач Ози Озборн – еден од основачите и учесник во групата “Black Sabbath” му забрани на претседателот на САД Доналд Трамп да користи негови песни во политичката кампања. Изјава во име на пејачот беше дистрибуирана на социјалните мрежи од неговата сопруга Шарон Озборн.

Повод за ова стана објавеното на Твитер видео на кое емитуваните дебати на кандидатите на Демократската партија во претседателската трка беа прекинати со кадри со Трамп, а во позадината одеше песната на Озборн “Crazy Train”.

“Потпирајќи се на неовластеното користење на песната на Ози Озборн Crazy Train, ја известуваме кампањата на Трамп (или било која друга кампања) дека им се забранува да користат музика на Ози Озборн во политичка реклама или политички кампањи. Музиката на Ози не може да се користи без одобрение “, се вели во соопштението.

Озборн му предложи на Трамп “да се обрати кон неговите пријатели музичари” Кание Вест, Кид Рок или Тед Неџент кои “може да им дозволат нивната музика да биде употребена”.

Слични содржини