Ози Озборн потврди: Точно е, боледувам од неизлечива болест

453 прегледи

Познатата легенда на рок и метал музиката, кој низ годините се бореше со зависноста, во интервју потврди дека е болен.

Пејачот на легендарниот бенд Black Sabbath; Ози Озборн (71) во телевизиската емисија „Добро утро Америка“ откри дека има Паркинсоновва болест.

Тој наведе дека болеста му е откриена во февруари минатата година, откако незгодно паднал, а поради лошата здравствена состојба морал да откаже бројни концерти, пренесува BBC.

„Ова беше претежок предизвик за сите нас. Својот последен настап го одработив за Нова година и тогаш паднав, прилично незгодно. Имав операција на вратот, која ми ги уништи нервите“, раскажал Ози.

Тој додал дека му било тешко да ги процени симптомите и дали се предизвикани од падот или се знаци на болеста.

Озборн рекол дека моментално е на лекови за Паркинсонова болест и против болки во нервите, кои ги има од операцијата.

Ова е прв пат Озборн да потврди дека пати од некоја болест, за што постоеја гласини. Тој потврдил дека чувањето тајни не е добра идеја, па одлучил отворено да зборува.

Слични содржини