Ози Озборн повторно стана дедо

од Vladimir Zorba
334 прегледи

Легендарниот британски рокер Ози Озборн доби уште еден внук откако неговиот син Џек и неговата сопруга Лиза станаа родители по трет пат, пренесе Контакт Мјузик.

Третото дете на 32-годишниот Џек Озборн и 30-годишната Лиза Стел повторно е девојче. Бебето се појави на 3 февруари и ќе се вика Мини Теодора. Постарите ќерки на двојката – Перл Клементин и Енди Роуз, се на возраст од пет и две години, соодветно.

Среќните родители ги споделија веселите вести во нивните профили на социјалната мрежа, објавувајќи иста слика. Сликата го покажува „спакуваното“ бебе сместено до црна табла со напишано име, датум и време на раѓање и неговата тежина.

Сестрата на Џек Озборн, Кели Озборн, исто така ја сподели фотографијата, честитајќи му на новиот „ангел“ во семејството.

Џек Озборн и Лиза Стели се верија во септември 2011 година по четиримесечна врска. Двојката склучи склучи брак на Хаваите во октомври 2012. Неколку месеци пред свадбата, на синот на Ози Озборн му беше дијагностициран мултиплекс склероза, потсетува изданието.

Слични содржини