Пациенти од Асоцијацијата за цистична фиброза најавија протест утре пред Владата

од Radmila Tasevska

На својот фејсбук-профил, асоцијацијата за цистична фиброза најави протест за утре во 14 часот.

„Не постои поголемо кршење на човековите права од тоа да се дозволи да умираат луѓе од болести за кои има лек! Заради ова, Асоцијацијата за цистична фиброза утре во 14 ч. пред влада ќе се збогува со еден од своите најактивни членови Благојче Илијевски, како жртва на системот и кој заради инертноста на системот од надлежните институции и заради тромите бирократски процедури, почина прерано, чекајќи го лекот трикафта” –  информираа вечерва од Асоцијацијата.

Слични содржини