Пациентите долг период чекаат термин на Радиологија, Меџити проблемот ќе го решава со вработувања и надгледување на матичните лекари

од Nikola Popovski
283 прегледи

Пациентите и граѓаните со месеци чекаат термин за магнетна резонанца. Кога ќе го добијат и ќе се снимат, повторно чекање – овојпат за резултати. Овој проблем се жалат дека е со години.

Министерот за здравство, Фатмир Меџити уверува дека проблемот ќе се надмине со вработување кадар. Сепак, тој прстот го впери и кон лекарите, кои според него, неосновано издавале упати.

-Во „Мој термин“ ќе ги надгледуваме сите лекари кои издаваат упати. Ќе снима дијагноза и ќе дава. Итноста во здравството е комплексна работа. Има стручни лица и тие одлучуваат во одреден момент дали треба да се снима или не, кажа Меџити.

Тој рече и оти во европските земји, во одредено време кога треба кај матичен лекар да се оди, треба со месеци да се чека термин, а ако е итност, за тоа одлучуваат самите стручни лица и лекарите.

Меџити оцени дека има подобрување на оваа состојба и оти не се чекало, како што се чекало порано, потсетувајќи дека Радиологија ќе се реновира и оти тоа ќе придонесе да се олесни ситуацијата со термините.

Слични содржини