375
Делови од фасадата на зградата на Владата на РСМ се откорнале и паднале во текот на утринските часови. Најголема штета е видлива кај украсните елементи, на ѕидот на една од кулите. Парчиња од гипс и стиропор во моментов се уште се наоѓаат на тревникот околу објектот.
Колку за потсетување, промената на објектот на фасадата на Владата, инаку авторско архитектонско решение кое во свое време било наградувано, беше критикувано како едно од најпроблематизираните интервенции во рамки на „Скопје 2014“.
Фасадата на Владата чинеше 17,6 милиони евра.
Пред една година оштетувања од овој вид претрпе и зградата на МЕПСО кога ветрот откорна дел од фасадата.