Како што најавија метеоролозите, денеска во Босна и Херцеговина падна првиот снег на Прокошкото езеро, а неговата висина е 5 сантиметри, но се уште паѓа.

Прокошкото езеро се наоѓа на 1.636 метри надморска височина, а снегот кој почнал да паѓа ги изненадил туристите и мештаните.
Има густа магла, дожд со снег и многу е студено.
И на Бјелашница и Јахорина има снег, а на Власиќ снегот веќе формира покривка и интензивно паѓа.