Падна уште едно дрво во општина Центар, оштетен е автомобил

од Nikola Popovski
515 прегледи

Падна уште едно навидум зелено и здраво дрво во близина на Зеленото пазарче во Општина Центар, при што оштетени се три паркирани автомобили, информира градоначалникот на општна Центар, Саша Богдановиќ.

Според него, за среќа, нема повредени жители.

-Ги замолувам граѓаните да бидат внимателни додека се движат по улиците и да не ги паркираат своите автомобили во близина на дрвјата додека трае невремето проследено со силен ветар, објави Богдановиќ.

Ова е втор ваков случај за две недели во истата општина, откако во непосредна близина на влезот на основното училиште „Коле Неделковски“ падна дрво кое лесно повреди едно дете и оштети паркиран автомобил.

Слични содржини