Паднал таванот во медицинското училиште во Битола, повредена ученичка

од Nikola Popovski
186 прегледи

Една ученичка е повредена откако вчера изутрина паднал таванот во тоалетот на средното медицинско училиште во Битола.

Иако тоалетите биле реновирани пред неколку години со донација, таванот на еден од катовите прокапувал.

Ученичката по инцидентот се исплашила и била пренесена во Битолската клиничка болница каде е со родителите. Се здобила со повреди на раката и моментално е под опсервација.

Градоначалникот на Битола, Коњановски веднаш по добивањето на информацијата, формирал општинска комисија со која извршија увид во училиштето, со цел констатирање на состојбата. Комисијата изготвила записник во кој ја констатира состојбата, а градоначалникот Коњановски, го контактирал семејството на повредената ученичка. Тој од директорката на училиштето Наташа Илиева побарал одговорност, поради навремено непреземените мерки и непријавениот проблем.

Слични содржини