243
Паднат семафор повредил жител на Куманово, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Немилиот настан се случил пред два дена.
-На 03.07 во 19.45 часот во СВР Куманово, Ј.П.(62) од Куманово пријавил дека на крстосница помеѓу булеварот ‘Трета македонска ударна бригада’ и ‘Тоде Мендол’ врз него паднал светлосен сообраќаен знак – семафор.
Случајот е документиран и известена е надлежната институција, соопштија од полицијата.