Паѓа поддршката за Ангела Меркел додека траат преговорите за формирање власт

од desk2
87 прегледи

Конзервативците на Ангела Меркел паднаа на најниско ниво во последните шест години, според податоците кои се објавени денеска, а во очи на продолжението на разговорите за коалициска спогодба со зелените и пробизнис партиите, јави Reuters.


Според анкетата која ја објави “Bild am Sonntag” само 30 отсто од гласачите повторно би гласале за коалицијата CDU/CS.

Тоа е за еден процент пониско од резултатите кои тој блок ги освои на септемвриските избори.

Меркел се обидува да формира блок со партијата на Зелените и ФДП, што е единствена можност да се избегне влегувањето на десничарската Алтернатива за Германија (AfD).

Лидерите на трите партии денеска се состанаа во намера да ги надминат разликите. Меркел има намера да постигне прелиминарна согласност за коалицијата до 16 ноември кога би требало да бидат одржани формални разговори и официјализирана коалицијата.