Повторно паника во Ница, овојпат поради земјотрес

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Потрес со интензитет од 3,7 степени е почувствуван во југоисточна Франција во близина на границата со Италија

 мјотре
Земјотрес со интензитет од 3,7 е регистриран во саботата вечерта во југоисточна Франција во близина на границата со Италија. Според податоците на Националниот мрежа за сеизмичка активност (Renass), потресот се случил во 21:14 по локално време, јави ТАСС.Епицентарот на потресот бил во реонот на гратчето Соспел, на 25 километри од брегот на Средоземното Море. На 30 километри од епицентарот е кнежевство Монако, а на 40 од Ница. Сеизмичка активност била регистрирана од автоматски системи на Renass, но податоците се уште не се потврдени од сеизмолози.