Пакетчиња за Дневниот центар за деца со церебрална парализа и Универзитетската клиника за детски болести

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во пресрет на новогодишните празници, ги изненади децата од Дневниот центар за деца со церебрална парализа и Универзитетската клиника за детски болести.

„Многу насмевки, убави желби и другарски пораки размениве денес со децата. За тоа имавме голема помош и од Дедо Мраз, со кого на децата им поделивме новогодишни пакетчиња за посреќни и повесели новогодишни и божиќни празници. Благодарение на нашите пријатели од Веро, Рамстор, Кам, Просветно дело, Биби и Боби, Топер, Стопанска банка и Кроација осигурување, успеавме да изнудиме насмевки на детските лица“, изјави Герасимовски, посакувајќи си подобри и повесели да се видат и наредната година.

Герасимовски им подели новогодишни пакетчиња и на децата од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас и децата од Здружението на слепи лица со оштетен вид.

„Денес е денот кога си посакуваме здравје, убави желби и многу причини за радост со нашите пријателиНасмевките на лицата на овие деца со пакетчињата се наша причина плус за уште посреќна и повесела нова година“, им порача градоначалникот Герасимовски.

Драги дечиња, додава Герасимовски, од срце ви посакувам да ве служи здравјето, да имате пријатна нова година и нареден пат кога ќе се видиме, да бидеме уште посреќни и повесели.

Слични содржини