Палатата ги одби барањата на јавноста – нема да ја видиме оригиналната фотографија на Кејт Мидлтон

од Vladimir Zorba
296 прегледи

Иако принцезата од Велс на својот Инстаграм Стори се извини за фотографијата на која позира со своите деца, која сама дигитално ја уредила, јавноста се уште не им верува на приказните дека со Кејт Мидлтон се е во ред кога е здравјето во прашање.

Не стивнува бесот околу фотографијата на Кејт Мидлтон со нејзините деца објавена по повод Денот на мајката, која за само неколку часа предизвика бројни контроверзи, но и ги поттикна љубителите на теориите на заговор да смислат уште една.

Откако шесте најголеми фотоагенции ја повлекоа, повикувајќи се на дигитална манипулација, логичната низа беше некој од палатата да проговори, а на крајот, што никој не го очекуваше, принцезата од Велс беше таа која се огласи и се извини за обработката на фотографијата која, напиша таа, сама ја направила.

И покрај фактот што почнаа да доаѓаат притисоци од сите страни и добија бројни прашања на истата тема, палатата Кенсингтон на крајот одби да ја објави оригиналната фотографија на Кејт Мидлтон и нејзините три деца – Џорџ, Шарлот и Луис.

Рекоа само дека парот сакал да понуди „неформална“ заедничка фотографија за Денот на мајката и дека принцезата направила само „мали промени“.

„Како и многу аматери фотографи, повремено експериментирам со обработка на фотографии. Сакам да се извинам за каква било конфузија предизвикана од семејната фотографија што ја споделивме вчера. Се надевам дека сите што слават имаа убав и среќен ден на мајката. K’, напиша Кејт Мидлтон и се потпиша само со првата буква од нејзиното име Кетрин.

„Дејли Мејл“ детално ги разгледа сите корекции на спорната фотографија, при што откри дури 16 неверојатни грешки, од празен простор каде што треба да биде ракавот на Шарлот, до „погрешно поставен“ патент на принцезата од Велс и шари на џемперот на Луис.

Слични содржини