Љупчо Палевски-Палчо бил приведен од српската полиција на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ и во моментов се наоѓа во екстрадициски притвор.

Приведувањето, според неговиот адвокат Васко Стојков, се случило вчера околу 19,00 часот по потерница распишана од Република Хрватска, кој за 360степени .мк вели дека во моментот на приведувањето Палевски се подготвувал да отпатува за Москва, каде според него, требало да склучи бизнис зделка.
Истиот извор тврди дека Палевски своевремено живеел и работел во Хрватска. Адвокатот тврди дека хрватските власти го бараат Палевски за долг на негова фирма во Хрватска од 2,5 илјади евра.
повеќе тука