Памела Андерсон: Франција ќе биде најдобрa за азил за Асанж

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Американската актерка Памела Андерсон даде интервју за “Журнал де диманш”

 

Франција ќе биде најдобрiot азил за основачот на “Викиликс” Џулијан Асанж, тврди американската актерка Памела Андерсон во интервју објавено денеска на страниците на . “Журнал де диманш”.

“Во своите откровенија Асанж загрози многу влијателни луѓе кои би стигнале до какви било мерки, само за да го дискредитираат. Тој има потреба од заштита и верувам дека Франција може да биде најдобрiot азил за него”, рече Андерсон. По повод денешните претседателски избори во земјата, актерката не криеше дека најголеми симпатии чувствува кон Жан-Лук Меленшон, кој вети азил за Џулијан Асанж и Едвард Сноудeн во случај на победа. Во врска со обвинувањата за силување, покренати против Асанж, таа рече дека овие тврдења се “апсолутно невистинити”. Во нејзините зборови ова е политичка стратегија, која има за цел na  негова екстрадиција во САД. Неодамна 49-годишната манекенка откри детали за односите со Џулијан Асанж во личен блог. Шпекулациите за евентуалната поврзаност меѓу двајцата се појавија откако стана јасно дека за само 3 месеци Андерсон go посетила Асанж цели 4 пати и секогаш се трудела да му ja однесе неговата сакана храна. Во почетокот на март основачот на “Викиликс”, пак, изјави во интервју за австралиското радио пренос “The Kyle and Jackie O Show” дека актерката поседува не само убавина, но и препознатливиот индивидуалност и остар ум. /  ТАСС