Памела Андерсон: Ништо не заработив во „Чувари на плажа“

од Radmila Tasevska

Актерката Памела Андерсон даде интервју за Variety во кое призна дека не заработила „речиси ништо“ од популарната серија „Чувари на плажа“.

-Продуцентите направија богатство. Тогаш едноставно немав кој да ме претставува добро. Или знаење и искуство – рече Памела.

Актерката тврди дека не добила „ни пара“ од продажбата на куклата Барби според нејзиниот лик.

– Не сфаќаш дека кога ќе направиш ТВ серија ќе станеш толку популарен, па го потпишуваш тој договор и на тој начин се откажуваш од животот – рекла таа.

Синот на Памела, Брендон, рече дека актерката е „искористена“.

-Сè уште ми е чудно што немаше дискусија со Амазон или со продуцентите на серијата „Baywatch“ за тоа дека е фер платена. Смешно е како функционира со Дејв Шапел и Нетфликс. Може да дојде и да зема плата за шоу каде што нема ништо. А ние не добивме ни денар од договорот со Амазон – изјави Брендон.

Памела исто така тврди дека тимот кој стои зад серијата „Чувари на плажата“ од 2017 година побарала од неа бесплатно да глуми во филмот, а продуцентите, како што вели, постојано ја повикувале да учествува во проектот.

– Беше страшно, ми кажаа како сакаат да им направам услуга. Тоа беше малтретирање, сакаа да глумам бесплатно.

Им реков:

– Ајде луѓе. Навистина мислам? – изјави актерката која конечно се согласи на улогата. Таа се појави дури на крајот од филмот во забавена снимка, без никаков текст.

– Добро завршив. Немам поплаки – заклучила актерката.

Слични содржини