Памела Андерсон се омажи за својот телохранител, во тајност

од Stefanija Kuzmanovska
464 прегледи

Актерката Памела Андерсон изненади многу обожаватели објавувајќи дека повторно се омажила. Само една година по завршувањето на бракот кој траеше само 12 дена, Памела повторно го рече судбоносното „да“, и објави дека се омажила за својот телохранител Дан Хејхурст.

Убавата русокоса родена во Канада, позната по улогата во хит серијата „Чувари на плажата“, е една од оние кои и покрај сите разочарувања во минатото, никогаш не губат верба во љубовта.

Се чини дека карантинот влијаеше позитивно на нејзиниот живот, бидејќи таа е повторно вљубена.

За време на карантинот, Памела се вљуби во својот телохранител, а парот се венчал на Божиќ минатата година.

Ова е шести брак за поранешната зајачица на Плејбој.

„Јас сум токму таму каде што треба да бидам, во прегратките на човекот кој ме сака“, рече Памела, пренесува „Дејли меил“.

Слични содржини