Писателот на нобеловецот, Орхан Памук изјави дека е „разочаран од промената на статусот на Аја Софија“.

– Турците се горди што се секуларни. Ова ќе ја одземе гордоста на нацијата – изјави славниот писател за радио Би-Би-Си во петокот, пренесува Танјуг.

Според Памук, има милиони Турци кои мислат како него, но „во Турција нема повеќе демократија“.

– Бидејќи Аја Софија е знак на современ турски секуларизам, да се врати назад во џамија значи, за жал, да кажеме дека не сакаме да бидеме попријателски расположени кон Западот, дека не сакаме повеќе да бидеме секуларни – рече Памук.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потпиша декрет во петокот за враќање на истанбулската „Аја Софија“ во џамија, откако турскиот државен совет го поништи декретот од 1934 година со кој зданието се претвори во музеј.

Намерата на турските власти да ја претворат Аја Софија во џамија во светот остро беше критикувана, на што Ердоган рече дека Турција го искористила своето суверено право да ја прогласи оваа зграда за џамија и оти критиките ќе се сметаат за напад на нивната независност.

Аја Софија има статус на музеј од 1935 година, а од 1985 година е на списокот за светско наследство на УНЕСКО.

Слични содржини