Панчев: Најголема иронија е што Самсоненко е мултимилионер, а Вардар испадна поради немање пари

од Nikola Popovski
517 прегледи

„Ретко кој споменува што му недостасуваше на Вардар во Македонија, па и затоа отпадна од лигата. Без парите на државата, или кој сега ќе одлучи да им помогне на клубовите, без тие пари за Црвена Звезда и Партизан, тешко дека ќе можат да достигне повисоко ниво“, вели македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев во интервју за српска „Нова“, правејќи споредба меѓу белградските клубови и скопски Вардар.

Тој потсетил и на периодот од 2010 година, кога на Ѕвезда не ѝ идеше најдобро, односно кога клубот испраќаше апели за спас со повик да се праќаат смс-пораки со донации на бројот „2344“.

„Се сеќаваме пред тоа кога немаше пари, како функционираше Звезда со тие проблеми. Ова сега го гледаме со примерот на Вардар. Го потенцирам ова како пример за да им помогнеме на враќањето на брендовите. Сето ова е популаризација за државата, така што она што е инвестирано во клубовите се враќа низ Европа. Во Македонија сето тоа оди потешко“, вели Панчев.

Вардар беше државен првак во фудбал, а европски првак во ракомет. Панчев не сака да ги споредува двата спорта, бидејќи смета дека фудбалот е посложен.

„Голема грешка е кога се споредува фудбалот со другите спортови. Има многу помалку пари, полесно е да се успее во ракометот. Донесувате четири, пет врвни играчи и веќе сте фаворит за титулата во Европа, не е така во фудбалот. Многу е потешко да се направи сето ова, потребно е повеќе време. Па да ги погодете играчите, тука има многу перипетии. Впрочем, тоа е фудбалот. Не би го споредувалсо други спортови. Фудбалот е над сè и штета што овде повеќе не се вложуваше и не се помагаше“.

Сергеј Самсоненко, рускиот милионер, беше покровител на клубот некое време, но Дарко го опишува тоа како голема иронија.

„Вардар треба финансиски да се стабилизира. Најголемата иронија е што Вардар како клуб го водеа мултимилионери. Тој Русин кој самиот на телевизија рече дека е мултимилионер, со уште еден негов партнер, кој исто така е милионер, а Вардар ќе испадне во друга лига поради немање пари. Не само што луѓето имаат пари, туку и сериозно инвестираат. Но, никогаш не можете да знаете што точно се случи“, изјавил Панчев.

Слични содржини