Панчевски осуден на три и пол години затвор

од Aleksandar Petrovski

Велешкиот суд го прогласи за виновен и го осуди на три години и шест месеци затвор поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панчевски, кој беше обвинет за злоупотреба на системот АКМИС.

Велешкиот суд ја донесе пресудата вечерва по завршување на рочиштето кое траше повеќе од десет часа. На обвинетиот Панчевски, во казната ќе му се пресметува и времето поминато во притвор.

Решението целосно со образложение ќе му биде доставено во затворот во Идризово.

Панчевски, според обвинението поднесено од ОЈО Скопје, се товараше дека во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година давал наредби на службеници што имале пристап во АКМИС-от рачно да се распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот и кажувал на кој судија да се распредели предметот.

Слични содржини