Селекторот на македонската фудбалската репрезентација, Игор Ангеловски, може да стане тренер на италијанскиот прволигаш Џенова по Европското првенство, пишува во својот блог новинарот на весникот „Газета дела спорт“, Алфредо Педула.
Според пишувањата на блогот, Педула сугерирал дека една од идеите на претседателот на Џенова, Енрико Прециози, е да донесе тренер во новата сезона, кој го освои своето прво учество на Европските шампионати со македонскиот национален тим тим.
Сериозна препорака за ангажман на Ангеловски доаѓа и од капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, кој според Педула, во тој случај би ја продолжил својата играчка кариера во италијанскиот тим за уште една година, и покрај првичните најави за „пензија“ по претстојното Европско првенство.
Договорот на селекторот Игор Ангеловски со ФФМ завршува на крајот на Европското првенство, кое ќе се игра од 11 јуни до 11 јули.