Фудбалската репрезентација на Северна Македонија оствари историски успех, бидејќи успеа да се пласира на Европското првенство со победа над Грузија (1: 0). Херој за триумфот беше искусниот Горан Пандев.
Легенда на македонскиот фудбал, 37-годишниот напаѓач на Џенова не го криеше својот ентузијазам по огромниот успех што го направија тој и неговите соиграчи.
– Досега сум одиграл многу вакви натпревари, но сега сум пресреќен. Мислам дека со моето искуство му помогнав на тимот да постигне историска цел, а тоа е настап на Европското првенство следната година – рече Пандев.
Северна Македонија ќе игра на Европско првенство за прв пат во историјата.
Elif elmas Pandev tiki taka pic.twitter.com/UzAZvT40sr
— yes context goal (@yescontextgoals) November 12, 2020