Пандев: Зборот „респект“ во Федерација не постои

од Берта Китинска
518 прегледи

Македонскиот фудбалер Горан Пандев во Студио 10, кажа дека понудата на Парма откако од Џенов му било соопштено дека шанса ќе им се даде на младите.

„Целта ми беше да ја завршам кариерата во Џенова, но зборував со луѓето од клубот, ми рекоа дека ќе им дадат шанса на младите. Затоа ја прифатив понудата на Парма, ми беше чудно, но имав две опции, или да завршам да прекинам во февруари или да продолжам со Парма“, кажа Пандев.

Пандев за повредата на последниот меч рече дека има само мало истегнување на заден мускул и предвидува дека за 10 дена се враќа на терен. Ќе пропушти 2-3 средби.

За амбициите на клубот, Пандев вели „луѓето се убедени дека можат да се вратат во Серија А. Знаеме какви се играчи поминаа во овој клуб. Со новиот газда – Американец, Парма е на вистинскиот пат“.

За односот со Буфон, Горан Пандев вели „знаеме сите кој е Џиџи Буфон, кога се видовме почнавме да се смееме, ми рече конечно ќе играме заедно. Се работи за голем професионалец, човек на 44 години работи интензивно. Малку зборевме за мечот Италија – Македонија, му кажав дека може да ги добиеме Италијанците. Се надева дека и тој може да оди на СП, и ќе биде единствен играч кој играл на шест СП, тоа е неговиот сон“.

Пандев е на ставот дека нашиот фудбла го водат луѓе кои немаат познавање.

„Зборот „респект“ во Федерација не постои.Нашиот фудбал го водат луѓе кои ставрно немаат поим од фудбал немаат ни „Ф“ од фудбалско, тие гледаат само личен интерес и не ги интересира ништо друго“, кажа фудбалерот.

Слични содржини