Паника и евакуација во зградата на полицијата во Шарлот!

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Ова се случува една недела откако  еден црнец  беше убиен во градот од полицаец.

 politsee
Полицијата во американскиот град Шарлот соопшти на Твитер дека во нејзината централа се врши евакуација, а спец  тим проверува сомнителен пакет, пренесоа американските медиуми. Ова се случува една недела откако еден црн маж беше убиен во градот од полицаец. По смртта на 43-годишниот афроамериканец Кит Скот на 20 септември во градот избувнаа протести прераснаа во насилство и судири со полицијата, посочува ТАСС.На денот кога беше убиен, Скот бил во својот автомобил и го чекал својот син, кој по училиште требало да се качи на училишниот автобус. Полицијата тврди дека мажот излегол од автомобилот со огнено оружје во рака и не се потчинил, откако неколку пати му било наредено да остане на место и да го фрли оружјето на земјата. Вдовицата на убиениот тврди дека нејзиниот маж, кој имал на  черепот-мозочна повреда, држел во рака книга и не планирал да наштети никому.

Судски документи сведочат дека пред една година против Скот била издадена забрана, откако тој се заканил да ја  убие сопругата и нејзиниот син, соопштија американските медиуми. Документите покажуваат дека сопругата побарала забрана на 5 октомври. Таа ги предупредила органите на редот,  дека тој е вооружен и носи 9 мм пиштол .