Паника поради вирусот: Наоми се откажа од голите фотографии и облече заштитно одело

335 прегледи

И додека бројни фанови на Наоми Кемпбел навинаа на социјалните мрежи да гледаат голи фотографии, „црниот пантер“ овој пат отиде во сосема друга насока.

Атрактивната манекенка очигледно ги следи сите новости околу коронавирусот па на аеродромот позирала во заштитно одело, со маска и заштитни очила како и розеви, гумени ракавици. Очекувано, белиот кофер го ускладила со остатокот од стајлингот.

– Сигурноста на прво место. Целото видео наскоро ќе го објавам на Јутјуб – напишала Наоми покра фотографиите.

Инаку, Наоми веќе минатото лето покажала дека рутината на чистење на авионското седиште ја сфаќа многу сериозно.

– Летајте сигурно – напишала тогаш,а дизајнерското модно издание го надополнила со ракавици, маска и сретства за дезинфекција.

View this post on Instagram

Fly safe 🧼✈️

A post shared by Naomi Campbell (@naomi) on

Со оглед на тоа дека поради кариерата голем дел од животот го поминала во авиони, научила, како што вели, околу себе да има се што и треба. Покрај сретствата за дезинфекција, тука е и пакетот за хидратација и маските за лице.

– Не ми е гајле што мислат луѓето за тоа. Станува збор за моето здравје и јас се чувствувам подобро, рекла манекенката.

Слични содржини