Железничката станица во холандскиот град Утрехт е евакуирана вечерва поради „сомнителна ситуација во еден од возовите“, објави полицијата.
Според холандскиот портал „Телеграф“, сведоци на настанот известуваат дека се уапсени две лица, но полицијата се уште не ја потврдила таа информација.
BREAKING – Central rail station in #Utrecht evacuated and all trains stopped due to a possible 'terror threat', police look for a suspect.pic.twitter.com/kT7Go4iGUA
— Disclose.tv 🚨 (@disclosetv) November 3, 2020
Видеото објавено на социјалните мрежи наводно покажува тим експерти за експлозиви кои доаѓаат на железничката станица.
Explosive technicians arrived at the scene of the incident in #Utrecht.
According to eyewitnesses, a man shouting "Allah Akbar" threw a bag in which an explosive device might be. pic.twitter.com/EhXb4Hmr1u
— Blue Sauron👁️ (@UGhost01) November 3, 2020
Железничкиот сообраќај е целосно прекинат и целата станица во Утрехт е евакуирана.
Something's happening in Utrecht, The Netherlands 🇳🇱#Utrecht pic.twitter.com/CDyzwrkySv
— Armenia ⚜️ Intel (@armenia_intel) November 3, 2020
Медиумите јавуваат дека полицијата, пожарникарите и брзата помош излегле на лице место, како и дека хеликоптери кружеле низ градот.