287
Во Неапол, Италија, научниците открија уште еден вид на ковид-19, беше објавено денес од институтот „Пасквале“, на Универзитет во Неапол.
За овој вид на коронавирус, кој сега првпат се најде кај тестирани лица на коронавирус во Италија, нема многу податоци, неговата вирусна моќ или други карактеристики не се познати, а научниците го именуваа како Б.1.525.
Досега, овој вид е откриен само во 32 други случаи на инфекција во Англија и кај неколку заразени во Нигерија, Данска и САД.