Паника во Рим, пронајдена бомба близу „Олимпико“

од Vladimir Zorba
258 прегледи

Неколку часа пред почетокот на натпреварот Италија – Швајцарија, во автомобил „Смарт“ е пронајдена експлозивна направа.

Полицијата објави дека возилото било паркирано на бројот 2 во улицата Тито Спери во римската област Прати.

Наводно, безбедносните власти биле алармирани од минувачи кои изразиле сомнеж поради жиците што излегуваат од автомобилот.

Областа е евакуирана од безбедносни причини, а со брза интервенција на одделот за експлозивни направи, сите патишта беа блокирани, по што беше пронајден уред кој за среќа не експлодирал.

Натпреварот сепак се игра.

Слични содржини