Пановски: Децата ретко имаат тешки форми на коронавирус, не би препорачал да се вакцинираат

од Nikola Popovski
222 прегледи

„Децата многу ретко имаат тешки форми на коронавирус и не се загрозени во прва фаза. Да не зборувам за бројките на смртни случаи. Затоа не би препорачал помладите да се вакцинираат сега. Има време понатаму“, истакна епидемиологот Никола Пановски за емисијата „Топ тема“.

За вакцинирањето, тој вели дека главен проблем е образованието, затоа што тие што се противат на неа и шират лажни информации најчесто се образовани луѓе.

„Доктор што препишува 15 лекови на пациент, од кои 13 се непотребни, да зборува за несакани ефекти на вакцината е нелогичко и неетички“, смета Пановски.

Тој додаде дека самото чување во фрижидер може да биде неколку дена, не мора да бидат на минус 70 степени цело време.

Слични содржини