Пановски до граѓаните кои примиле една вакцина: Не влегувајте во објектите во кои власта ви дозволува да влегувате

од Vladimir Zorba

Микробиологот Никола Пановски упати апел до граѓаните на земјава кои деновиве ја примиле првата доза на вакцината против Ковид-19, да не влегуваат во објектите во кои власта дозволува да влегуваат, бидејќи се уште немаат имунитет,

– Почитувани жители на Македонија, вие кои сте примиле една доза вакцина деновиве или ќе ја примите следниов период, а не сте прележале ковид. Ве молам да не влегувате во објектите во кои власта ви дозволува да влегувате. Вие се уште немате имунитет, не сте заштитени, под голем ризик сте таму да се заразите и потоа да ја ширите заразата. Потврдата не ве штити од зараза, нека не ви дава лажна сигурност. Откога ќе ја примите втората доза и ќе поминат две недели, тогаш може да претпоставиме дека сте заштитени, порачува Пановски.

Слични содржини